Ентони Џошуа испрати силна порака до навивачите во пресрет на борбата со Даниел Дубоа

Британскиот боксер Ентони Џошуа вечерва на преполниот Вембли ќе се обиде по трет пат да ја освои светската титула во тешка категорија.

Олимпискиот победник ќе боксира пред 96.000 гледачи на стадионот во Лондон против шампионот на ИБФ и негов сонародник Даниел Дубоа.

Во петокот се одржа мерење на плоштадот Трафалгар, каде Еј Џеј се појави со 114,5 килограми, додека Дубоа тежеше 112,7 килограми.

„Тоа е енергија“, им порача Ентони Џошуа на собраните во центарот на Лондон, а потоа продолжи:

„Ви благодарам многу што бевте со мене за време на моето патување, подеми и падови. Вие останавте покрај мене цело време“.

Потоа објави дека ќе стане трикратен светски шампион во тешка категорија.

„Како гладијатор подготвен сум да излезам на арената пред луѓето кои сакаат крв, храброст и слава. Добро се подготвив и подготвен сум да настапам за навивачите“, подвлече Ентони Џошуа.

А Дубоа истакна дека добро се подготвил и едвај чека да влезе во рингот.

„Напорно тренирав и сега сум подготвен за борба. Дојде време да се влезе во рингот“, изјави Даниел Дубоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAZN Boxing (@daznboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО