Ентони Џошуа го претстави своето сценарио од сништата: Прво Вајт и Вајлдер, па меч против Фјури

Поранешниот двократен шампион во тешка категорија Ентони Џошуа вели дека има план од соништата да се врати на тронот.

Прво има меч со Дилиен Вајт на 12 август, а потоа на крајот на годината треба да се бори со Дионтеј Вајлдер.

После тоа, на ред би дошол Тајсон Фјури, борба која се договарала неколку пати, но никогаш не се случила.

Борбата против Вајт е следниот месец, а борбата против Вајлдер многу добро може да биде потврдена наскоро, но борбата со Кралот на Ромите е со километри.

Во своето последно интервју Џошуа се обиде да објасни зошто борбата со Фјури никогаш не се случила, бидејќи е невозможно да се преговара со него.

Според многумина, Кралот на циганите е најголемиот виновник што не можеше да се договори за меч за обединување во тешка категорија против Александар Усик на почетокот на годината.

„Не сум разочаран. Ова е реалноста во која живееме“, изјави Ентони Џошуа за неуспешната борба меѓу Фјури и Усик, а потоа продолжи:

„За жал, тоа не се случи, но не сум разочаран, бидејќи знаеме зошто. Луѓето сега можеа сами да се уверат. Но, така е понекогаш во боксот. Штета. Да бев јас, ќе отидев таму и ќе се борев, но не, па не можам да коментирам туѓи одлуки“.

А дали Еј Џеј може да добие меч против Фјури по евентуалните победи против Вајт и Вајлдер?

2Да, тоа би било сценарио од соништата. Прво Вајт и Вајлдер, а потоа и мечот против Фјури. Но, соништата се лажни. Ова е реалноста“, подвлече Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО