Ентони Џошуа ги почна подготовките за Тајсон Фјури

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го започна тренинг кампот за најголемиот меч во кариерата.

Ова го изјави неговиот промотор Еди Херн, кој последните месеци работи на средбата помеѓу Џошуа и Тајсон Фјури. Светските шампиони треба да се борат два пати во 2021 година, а првиот меч треба да се одржи во јули.

Тешката состојба со ограничувањата на коронавирусот ги спречува организаторите да донесат одлука за точниот датум и локацијата на супер судирот.

„Едвај чекаме да заврши ова“, им рече Херн на британските новинари на прашањето кога ќе има поголема извесност.

„Ентони веќе го започна тренинг кампот за мечот. Веќе е во Шефилд, каде заедно со Роб МекКракен ќе го спроведат тренингот.

Имаме неколку предлози за локацијата на средбата и сите мора да се согласиме за една опција. Целта е јули. Верувам дека до крајот на оваа недела сè ќе биде целосно подготвено и извесно.

Во моментов нема што повеќе да се додадам на темата и можеби тоа е најдоброто“, додаде шефот на Мечрум боксинг.

Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури е исто така во одлична форма, демонстрирајќи ја на социјалните мрежи. Иако повеќепати ги негираше гласините за официјален меч, „Кралот на Ромите“ можеби е во најдобра форма во последните 6-7 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО