Дерик Џејмс во моментов важи за најдобар боксерски тренер во светот, судејќи според луѓето со кои моментално работи. На своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали со учесниците на неговиот последен тренинг.
Џејмс објави фотографија во друштво на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, поранешниот кандидат за круната во лесна категорија, Рајан Гарсија и непоразениот шампион во полусредна категорија на ИБФ, ВБА и ВБЦ, Ерол Спенс Јуниор.
Малкумина се оние специјалисти кои имаат чест да тренираат 1-2 такви спортисти во кариерата, но Дерик Џејмс тоа го прави токму сега со дури тројца одеднаш.
View this post on Instagram