Ентони Џонсон го раскина договорот со УФЦ и премина во Белатор

Американскиот ММА-борец Ентони Џонсон се враќа во октагонот. Рамбл го раскина договорот со УФЦ и наскоро ќе настапи на „Белатор“ во полутешка категорија.

За новата промоција, 36-годишниот Американец ќе дебитира во првата половина на следната година.

Џонсон не се бореше три години и дури во вагуст влезе во тестирањата на УСАДА.

Ако сè оди добро, ќе му биде дозволено да се бори на крајот на февруари. За време на паузата користел стероиди, во времето кога сакаше да се посвети на пауерлифтингот (дигањето тежина).

Но, кога влезе во програмата за тестирање, почна да тренира и да симнува килажа, бидејќи сака да се бори во полутешка категорија.

Рамбл по втор пат го напушти УФЦ. Доби отказ во 2012 година откако беше претежок за да се бори во средна категорија против Витор Белфорт, меч кој го загуби.

Се врати две години подоцна, а последната борба ја имаше во УФЦ на 8 април 2017 година кога загуби со давење од позади од првакот во полутешка категорија Даниел Кормиер.

Не е познато зошто повторно се разотидоа УФЦ и Џонсон, но новинарот Ариел Хелвани истакнува дека раскинувањето на договорот дошло со заеднички интерес.

Рамбл има 22 победи во професионалната кариера (победи со нокаут во 16) и шест порази.

Ентони Џонсон го чека силно друштво во Белатор. Вадим Немков е шампион во полутешка категорија, а тука се и Рајан Бадер, Фил Дејвис, Кори Андерсон …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО