Ентони Џошуа: Треба да го променам стилот за реваншот

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа не се сомнева дека треба да корегира елементи од својата борба. На Британецот му преостануваат само десет дена пред реваншот со Енди Руиз Јуниор, и … најверојатно ќе ги направи промените.

„Имам на што да работам“, призна Џошуа на Скај спорт и додаде: „Две години во салата предупредував дека ако продолжам на овој начин тие ќе ме натепаат!“

„Понекогаш арсеналот на удари се соодветни, не треба да ги модифицирате и менувате. Но, сега е време да се вратам на моите инстинкти. Мојот стил треба да се промени. Ако сакам ист резултат, ќе се подготвувам на истиот начин. Но, случајот не етаков … “

„Тренира различни работи. Не менувам сè, немам толку време да направам еден сосема поинаков план. Но, се надевам дека нужните корекции ќе успеам“, заврши Џошуа.

Британецот се надева дека ќе ги врати светските титули во тешка категорија и ќе докаже дека поразот не е фатален во боксот.

https://twitter.com/anthonyfjoshua/status/1199703084328460288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1199703084328460288&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D816413
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON