Платија 21.000 долари за вечера со Владимир Кличко

Платиле 21.000 американски долари на аукција за средба и вечера со боксерската легенда Владимир Кличко.

Тоа се случи на хуманитарна гала вечер организирана од украинската тенисерка Елина Свитолина. Други работи кои беа понудени на ауксцијата се маичка на Роџер Федерер со која играше на Вимблдон (8.500 американски долари), рекет на Рафаел Надал (13.000 $) и мастерклас од Елина Свитолина и нејзината колешка Гаел Монфис.

Во март украинската тениска ѕвезда го објави создавањето на фондацијата „Елина Свитолина“. Нејзината мисија е да ги охрабри децата да ги прифатат вредностите на напорна работа, самодисциплина во тенисот и да ја сфатат важноста секогаш да даваат 100 отсто од себе секој ден од животот.

Фондацијата веќе обезбеди поддршка за добротворниот проект „Тенис центар Буш“, управуван од поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш и неговата сопруга Лора.

https://www.facebook.com/sapronov.yuri/posts/2541306135917394
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО