Ентони Џошуа си посака борба со Вајлдер пред 80.000 гледачи во Велика Британија

Ентони Џошуа (23-1, 21 КО) си стави за цел да се бори со Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41 КО) и сака борбата да се одржи во Англија. Шампионот во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО, ИБО предвидува дека нивната средба ќе собере 80.000 гледачи на некој од големите стадиони на островот. Ентони сака да ја освои и титулата на ВБЦ за да стане неоспорен шампион во тешка категорија, но тоа нема да биде лесна задача.

ЕЏ вели дека повеќе претпочита да се бори пред домашни навивачи на стадион отколку на друго место пред 15.000 публика. Британецот смета дека локацијата за средбата со Вајлдер ја стопирала нивната битка и ги повикала да размислуваат за категоријата.

„Да се борам пред 80.000 на стадионот или некаде на друго место пред 15.000 во некоја сала? Има смисла да го направам тоа во Велика Британија. Ова е веројатно она што ја одложи средбата, затоа што ние ја сакаме во Англија.

Очигледно имаме многу земји кои се заинтересирани, но треба да гледаме на тоа што е значајно за категоријата. Понекогаш мора да направите компромис за да се случат работите“, изјави Џошуа.

https://www.instagram.com/p/B6yUBNWF2Sg/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON