Џон Каванаг: Не сум го видел Мек Грегор во подобра форма

Џон Каванаг, кој е главен тренер на Конор Мек Грегор, на социјалните медиуми изјави дека неговиот борец е во најдобра форма. Каванаг вели дека никогаш не го видел својот борец во подобра форма во минатото. Остануваат нешто повеќе од две недели до враќањето на „Озлогласениот“, кој ќе се бори во Вегас против Доналд Цероне во полусредна категорија.

Ирецот на социјалните мрежи покажува дека е во одлична физичка форма, но интересно е да се види каква е неговата мотивација и ментален став. Мек Грегор не победил во ММА повеќе од три години, но ако му веруваме во Каванаг, тоа ќе се промени за две недели.

„Денес направивме еден последен здрав спаринг пред да се упатиме во Вегас. Можам да бидам искрен со вас и да ви кажам дека ова е најдобрата верзија на Конор Мек Грегор што сум ја видел досега. Пред шест месеци, не верував дека е можно. Ќе видите вистинска забава. Драго ми е што имам добро место за настанот“, напиша Каванаг.

https://www.instagram.com/p/B6zETEpJvKq/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B6zDr2apcj0/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО