Ентони Џошуа (23-1, 21 КО) повторно е владетел во тешка категорија откако вечерва го совлада со едногласна одлука Енди Руиз во Диријах – Саудиска Арабија. Џошуа по штест месеци си ги врати во сопственост појасите на ИБФ, ВБО, ИБО и ВБА.
Судиите мечот го бодуваа 118-110, 118-110 – 119-109
Првата рунда помина во испитување на силите и голема претпазливост од двјацата, но кон крајот на рундата Џошуа го погоди Руиз со директ во левата аркада и му ја раскрвави.
Руиз тргна пофанзивно и веднаш зададе удар во втората рунда и му ја повреди аркадата . Сепак, Џошуа ги користеше неговите отворања и со брзи удари го одбиваше.
Третата рунда ја држеше Џошуа на растојание со левата рака, задавјќи кратки директи.
Во четвртата се чинеше дека Џошуа одлично ја контролира борбата, но кон крајот на бробата Руиз се покажа дека е опасен и за малку не го прати во нокдаун Џошуа.
Малку посмирена беше петата рунда, а Ентони имаше една комбинација од аперкати и кроше.
Руиз зададе силно лево кроше на почетокот на шестата рунда. Потоа Џошуа беше пофлексибилен и се движеше брзо и задваше по некој удар.
Имаше една размена на удари која ја започна Џошуа во седмата рунда во третата третина, при што Ентони зададе уште ден удар на крајот. Руиз се обидуваше да с едобижи што повеќе.
Руиз покажа колку е опасен во осмата рунда, задвајќи неколу брзи и силни удари кон крајот.
Руиз притискаше а Џошуа со директисе бранеше. Аперкат и кроше на Џошуа, но следуваше брз одговор на Руиз при крајот на деветата рунда, претходно Ентони имаше и два директи.
Десетата рунда не донесе возбудување, бидејќи Џошуа си ја спроведуваше тактиката бпрба од дистанца со пласирање на директи. Сепак, следеа звршните две рунди.
Единаесетата рунда протече како што поскакуваше Џошуа, без да успее да му се приближи Руиз. Очигледно, тактиката ала Владимир Кличко добро ја спроведуваше.
Во последната 12 рунда Џошуа зададе два директи на почетокот, а потоа ја приведе бробата како што планираше, иако Енди на крајот повикуваше на отворена борба.
Сепак, сите го добија тоа што го посакуваа. На ред е големата пресметка Џошуа – Вајлдер, нешто што зависи и од нивните промотори.