Средбата Поветкин – Хантер заврши без победник (ВИДЕО)

Борбата помеѓу Александар Поветкин (35-2-1, 24 КО) и Мајкл Хантер (18-1-1, 12 КО) во воведниот дел на Руиз – Џошуа 2 заврши без победник.

Судиите мечот во саудискиот Диријах го бодуваа 115-113, 113-115 и 114-114.

31-годишниот Американец го отвори мечот брилијантно удирајќи неколку силни удари. Поветкин успеа да го издржи првичниот напад за во средината на рундата да прими многу силен заден директ.

Хантер подобро ја отвора втората, но 40-годишниот Русин го здрма добро во завршницата рунда.

Во третата рунда Поветкин ја носи борбата до полесно темпо кое му повеќе му одговара, а слично боксира и во четвртата.

Поветкин сериозно го здрма Американецот со лево корше во средината петата рунда. Потоа продолжил да напаѓа и го погоди противникот со десно кроше, но Хантер успеа да се спаси со движење и држење.

По неколку рунди без премногу акција Хантер го затресе Поветкин со серија удари во средината на 11-тата. Триесет секунди подоцна го погоди и со добар десен директ и со десен аперкат, за да Русинот биде малку подобар во последната рунда.

Поветкин во септември минатата година ја загуби борбата за титулата со нокаут во седмата рунда од Ентони Џошуа. Следниот пат боксираше во август и со убедлива едногласна одлука го победи Хјуи Фјури.

По неговиот единствен пораз во кариерата во април 2017 година со едногласна одлука од Александр Усик во мечот за титула во леснотешка категорија, Хантер се подигна во тешка категорија и оствари шест последователни победи, вклучувајќи ги и оние против Мартин Баколе Илунга, Александар Устинов, Фабио Малдонадо и Сергеј Кузмин.

https://www.youtube.com/watch?v=BwGOQbeKh_0&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО