Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија, Еди Херн, потврди дека следната борба на Ентони Џошуа е на 13 април следната година и ќе се одржи на Вембли, а противник најверојатно ќе му биде Дилиен Вајт.
Иако се очекуваше Џошуа во првиот меч во 2019 година да се сретне со Дионтеј Вајлдер или Тајсон Фјури, сепак, мораше да се најде нов противник, бидејќи Светскиот боксерски совет (ВБЦ) донесе одлука овие двајца повторно да се најдат во рингот откако првиот дуел во Лос Анџелес заврши без победник.
Првичните најави беа дека Вајлдер и Фјури ќе боксираат на 13 април, но сега откако Херн го потврди терминот тешко е да се очекува дека во една вечер ќе се одржат два големи дуели и за реваншот ќе мора да се определи нов датум.