Ентони Џошуа: Можам да се борам со секого, вклучувајќи го и Фјури

Entoni dzosua vo temnica

Непоразената англиска сензација во тешка категорија, Ентони Џошуа, се нареди на опашката меѓу потенцијалните противници на Тајсон Фјури. Олимпискиот шампион од Лондон има 14 победи со нокаут од 14 натпревари.

„Мојот фокус е на мојата следна борба на 12 декември, но чувствувам дека можам да го победам апсолутно секого. Можам да го победам и Тајсон Фјури. Ако излезе можност, ќе го прифам мечот. На крајот на краиштата, тоа е само една борба без разлика дали тој е шампион во тешка категорија или не. Рингот е квадратен, против мене имам ривал, а мојата задача е да го победам“, рече Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО