Ентони Џошуа: Ќе станам двократен светски шампион

Поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа по губењето на титулите од Енди Руиз верува дека во помотивиран од кога било и дека неговата судбина е да стане двократен светски шампион.

„Отсекогаш велев, неуспехот треба да дозволиш да ти влезе во срцето за успехот да ти дојде во главата. Не чувствувам дека морам да се препуштам на неуспех. Сè уште имам намера да се борам со најдобрите во светот. Се уште сакам да се докажам. Во моментот, мојата цел во боксот е да станам двократен светски шампион“, рече Џошуа.

Реваншот што треба да се одржи или во Англија или во САД во ноември или декември.

https://www.instagram.com/p/B0ElwfblvDw/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО