Олимпискиот шампион од Лондон во супертешка категорија, Ентони Џошуа од Англија, го продолжи попедоносниот од во професионалните води. Тој го смачка шампионот на Бразил и Јужна Америка во тешка категорија Рафаел Зумбано Лав, откако го нокаутира во втората рунда.
Англичанецот доминираше во текот на целиот меч, а неговиот ривал гледаше да се одбрани од разорните напади. Џошуа ја забележа 12 – та победа со нокаут од 12 натпревари. Неговиот следен дуел е на 30 мај во Ливерпул. Тој ќе се бори со искусниот Американец Кевин Џонсон.
https://youtu.be/2hjDzFuAkyE