Ентони Џошуа: 100 отсто ќе го гледам мечот Вајлдер – Бризил

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа внимателно ќе го следи дуелот меѓу Дионтеј Вајлдер и Доминик Бризил за титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

Двајцата Американци ќе боксираат на 18 мај во Њујорк, каде што токму Џошуа ќе го направи своето деби во САД на 1 јуни.

https://www.instagram.com/p/BxVRkODB9lk/?utm_source=ig_embed

Тој се подготвува во Мајами за мечот со Енди Руиз, но задолжително ќе го гледа Вајлдер – можеби неговиот иден противник.

https://www.instagram.com/p/BxdYSTzlizz/?utm_source=ig_embed

„100 отсто ќе го следам неговиот меч. Мислам дека Вајлдер ќе победи – тој е побрз, многу брз за тешка категорија. Сепак, Бризил е тежок противник, ми требаа седум рунди, за да го соборам. Се надевам дека Вајлдер ќе го прави тоа за девет и да кажам дека сум го победив побрзо од него. Сигурно борбата ќе биде интересна“, рече Џошуа.

„Ќе го следам за малите нешта, деталите – кога се уморува, по колку удари задава со десната рака во рунда и такви работи“, додаде Британецот.

https://www.instagram.com/p/BxgjDKxhvfv/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BxgAmmFAfsg/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON