Мартин Михајлов – првиот носител на црн појас во БЏЏ во Македонија: Ова е конечен крај на една долга локална приказна!

Мартин Михајлов минатата недела положи за црн појас во бразилско џиу џицу и стана првиот Македонец носител на мајсторски појас на оваа се популарна ветишна, а кој живее во Македонија.

Михајлов полагаше пред Бразилецот Карлос Маја, мајстор за бразилско џиу џицу кој живее во Словенија.

По повод овој успех на Михајлов разговарвме со него на повеќе теми за БЏЏ.

Зошто бразилско џиу џицу?

-Мислам декам сум вежбал се и сешто. Почнувајќи со карате како дете, потоа џудо, аикидо, таеквондо… но ништо не го задржало моето внимание.

Се некаде до 2009 година кога за време на моите докторски студии во Љубљана не го пробав овој спорт. Не знам како поинаку да се изразам, во тој момент нешто се смени во мене. Почнав да убедувам другари да се влечкаат со мене до Словенија, за да видат за што станува збор. Лудост. 

Дали си првиот црн појас по бразилско џиу џицу?

-Во рамките на Македонија – ДА. Јас сум првиот којшто тренирал БЏЏ во нашава држава и, по скоро децениска упорност, стигнав до овој момент.

Инаку, во дијаспората постојат неколку одамна емигрирани Македонци кои стигнале до црн појас многу пред мене. 

Што значи да си носител на црн појас во бразилско џиу џицу?

И се и ништо. 

Од една страна е признание за вложениот труд што никој не може да ти го одземе. Би го нарекол конечен крај на една долга локална приказна.

Од друга страна, претставува еден нов почеток. Бидејќи постојат уште многу предизвици кои допрва ќе се надминуваат.

Кои услови треба да се исполнат за црн појас?

-Првиот услов е секако посветеност. Ако сакаш да бидеш добар во нешто, треба само тоа да го работиш. Секој ден. Многу, многу години.

Понатаму условите се малку различни за секого. Бидејќи на почетокот во Македонија не постоеја услови за тренинг на бразилско џиу џицу,  заедно со уште неколкумина моравме да ги создадеме. Бевме петмина ентузијасти (јас, Марко, Синиша, Алек и Дарко) кои отворија спортски клуб, цело време тренираа, патуваа на семинари и се натпреваруваа во обид да создадат нешто поразлично. 

И мислам дека успеавме во тоа. 

Црн појас не е поединечен успех. Туку успех на целиот спортски тим, без кој патот би бил невозможен.

Кои се следните чекори?

-Следниот чекор е ист како и досегашните, понатамошен развој на спортот. Секогаш може нешто да се направи подобро и поуспешно.

Каква е перспективата на овој спорт во нашата земја?

-Перспективата на овој спорт е прилично голема. Одличен е и за деца и за возрасни. И за машки и за женски. Во него се пронаоѓаат млади, но и стари спортски надежи.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО