Борецот во полутешката категорија на УФЦ, Ентони Џонсон, сепак ќе се бори за титулата, иако не е против човекот кој се смета за најдобар во категоријата. Наместо Џон Џонс, негов противник ќе биде Даниел Кормиер.
Џонсон со коментар за новиот противник, како и приказните кои сe слушаа дека нема да е реален шампион, ако го победи Кормиер.
„Ако го победам Кормиер, ќе се чувствувам како вистински шампион. Задникот ми се иструга од вежбање за да стигнам до тука. Не е моја вина – не е ничија вина – за случката со Џон. Сам го направи тоа, секој го знае. Но животот продолжува и јас продолжувам заедно со него. Кога тој ќе се врати и ако титулата е се уште кај мене, тогаш ќе дојде време да се борам со него. Знам дека некој ден ќе се сретнеме“.