Фјури: Мојата борба со Кличко ќе биде како на филм, а јас ќе бидам Бред Пит! (ВИДЕО)

Fjuri Klicko

Поранешниот шампион на Европа во супертешка категорија, Тајсон Фјури (24-0, 18 со нокаут) повторно потсети на себе. Скандалозниот Британец (26 год.) објави на својот микроблог на “Твитер” слика со светскиот шампион во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Владимир Кличко, во неговиот камп за обука во времето кога Фјури му помагаше на украинскиот боксер во својство на спаринг партнер.

„Мојата борба против Кличко ќе биде како во филмовите. Бред Пит против боксер, кого го победува“, напиша коментар на сликата Фјури.

Очигледно Тајсон ја гледал црната комедија „Гепи“ на режисерот Гај Ричи, која се прикажуваше во 2000 година. Тогаш холивудската ѕвезда, Бред Пит, ја одигра улогата на ирскиот ромски боксер, Мики О’Нил, кој ги нокаутираше противниците со еден единствен удар, кои беа физички многу посилни од него.

Како што е познато, Фјури е официјален кандидат за титулата во верзијата ВБО, а борбата со Владимир Кличко веќе е договорена за септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО