Мани заплашен со затвор!

Mani vo akcija so mejveder

На филипинскиот боксер, Мани Пакијао, може да се соочи со казна од 4 години затвор и парична од 5000 долари за кривоклетство. Против Пакијао веќе се поведени две постапки во САД, поради тоа што ја сокрил повредата на рамото која добил за време на подготовките за натпреварот на векот со Флојд Мејведер, и така што ги навел публиката во салата, телевизиските гледачи и луѓето кои се обложуваат кај букмејкерите.Потсетуваме дека средбата ја доби Мејведер со едногласна судиска одлука.

Формално основа за постапка против Пакијао се неговите одговори пред Nevada Athletic Commission (Спортската комисија на Невада), која е одговорна за борбите во Невада, каде што се одржа мечот. На прашањето дали се жали на повреда на рамениците, рацете или други делови од телото, кои бараат преглед , Пакијао одговарил со „НЕ“, што се карактеризра како лажно сведочење. По натпреварот самиот падна во стапица, велејќи дека по третата рунда почнал да чувствува болки . Долго време се подготвувал за операција и долго време ја одложувал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО