Поранешниот светски шампион во бокс Енди Руиз по речиси две години се враќа во рингот и треба да настапи на голем настан во август.
Како потенцијален противник се споменува поранешниот предизвикувач Џарел Милер, кој во последниот меч на крајот од минатата година загуби со прекин во последната рунда од Даниел Дубоа.
Американско-мексиканскиот борец последниот меч го имаше во септември 2022 година кога со едногласна одлука го победи Луис Ортиз.
А Руиз ја имаше најголемата борба во јуни 2019 година кога го победи Ентони Џошуа со прекин во седмата рунда и ги освои шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.
Но, само неколку месеци подоцна, Британецот возврати во реваншот, а Енди остана без титулите.
Енди Руиз треба да настапи на 3-ти август на настан предводен од мечот за светска титула меѓу Израел Мадримов и Теренс Крафорд, кој сака да стане светски шампион во четири категории.
View this post on Instagram
View this post on Instagram