Енди Руиз Јуниор знае колку лошо ги збарка работите во реваншот против Ентони
Џошуа. Во декември 2019 година, американско-мексиканскиот боксер загуби во реваншот од Британецот и ги загуби шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кои ги освои шест месеци претходно против истиот борец.Руиз го шокираше Џошуа во првата борба, но потоа повеќе се забавуваше отколку тренираше и ја расипа работата во реваншот.
Тој лани се врати со победа против Крис Ареола, а во септември има меч против Луис Ортиз. Енди напорно тренира и се надева на трилогија против Џошуа.
Според него, тоа треба да се случи дури и ако Џошуа загуби во реваншот од Александр Усик.
Нивниот меч е договорен за 20 август во Саудиска Арабија.
„Секако, тоа е нешто што мораше да се направи. Кога Џошуа ме победи во Саудиска Арабија, веднаш требаше да се случи трилогија. Требаше да имам уште една шанса да ги вратам појасите како што дадов можност во реваншот“, изјави Енди Руиз и додаде:
„Нашиот трет меч треба да се случи, без разлика дали ќе победи или загуби од Усик. Секако дека треба да има трилогија. Не е важно дали двајцата ќе ги загубиме следните средби, еден ден треба да се случи нашата трета борба“.
Ако Џошуа го победи Усик, многумина ќе повикаат на борба против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Но, ако Џипси Кинг се држи до својата одлука и остане во пензија, тогаш Џошуа би можел да се бори со Руиз по трет пат.
Тоа не е баш борбата што ја бараат фановите, а ќе биде уште помалку привлечна доколку и двајцата ја загубат следната борба.