Енди Руиз: Сакам трета борба со Џошуа

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Енди Руиз Јуниор (35-2, 22 КО) изјави дека сака по трет пат да се соочи со Ентони Џошуа (28-3, 25 КО), со кој размени по една победа.

Мексиканецот налето ќе се врати во рингот за прв пат по септември 2022 година, кога на поени го совлада Луис Ортиз. Ќе се соочи со Џарел Милер (26-1-1, 22 КО).

Ова ќе биде прв настап на Енди од септември 2022 година кога на поени го победи Луис Ортиз. Двајцата ќе се соочат на 3 август во Лос Анџелес. Борбата ќе биде загревање на главниот настан Израел Мадримов – Теренс Крафорд, кои ќе се борат за светската титула на ВБА во супервелтер категорија.

„Повторно добива сила. Неговата самодоверба се враќа. Мислам дека тоа е најважно. Тој го прави тоа што треба. Мислам дека ја работи својата работа и среќен сум поради него“, изјави Руиз Јуниор за Џошуа. „Би сакал да имам трета борба со него. Тој ми даде можност и јас му го дадов истото. Остана уште една борба. Сакам да станам двократен светски шампион во тешка категорија“.

„Морам повторно да се качам по скалите. Би сакал да се борам со Џозеф Паркер, Дионтеј Вајлдер и Џошуа. Главната работа е да тренирате и да ја одржувате формата. По оваа борба планирам да тренирам, да тренирам, да тренирам уште малку и потоа да се вратам во декември“, додаде Мексиканецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON