Шампионот во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО Енди Руиз (33-1, 22 КО) се уште не може да поверува дека минатиот месец успел да го собори Ентони Џошуа (22-1, 21 КО).
Руиз пред мечот во Њујорк даеде само кратка најава, но и покрај тоа се претстави на високо ниво и 4 пати го соборуваше Џошуа. Многу малку луѓе му даваа шанси за победа на мексиканскиот боксер од САД, но тој силно веруваше во победата и сега е подготвен да работи уште појако за втората борба. Се очекува да се борат на крајот на годината во САД или Велика Британија, а Руиз не сака само 15 минути слава.
„Животот ми се промени целосно. Сето ова беше сон. Силно се трудев и успеав да постигнам се што сакам. Сега сум шампион и е одлично. Луѓето ме запираат и сакаат да се фотографираат со мене. Тоа е одлично, и е сè што сум сакал. Не бев подготвен за оваа слава, но сè се случи во вистинско време.
Морам да останам скромен и да уживам во сè што сакам. Ќе останам во историјата како прв шампион во тешка категорија од Мексико. Тоа беше мојот шестгодишен сон. Не сакам тоа да биде мојата 15-минутна слава. Ќе морам да бидам посветен на победата и во втората борба“.
ВБО му даде посебен појас на Руиз, на кој е напишано: Првиот светски шампион во тешка категорија од Мексико.
Видеото го објави познатиот боксер Мајкл Бенсон на неговиот Твитер.