Енди Руиз изгледа одлично во пресрет на мечот против Џарел Милер (ВИДЕО)

Американско-мексиканскиот боксер Енди Руиз Jуниор изгледаше импресивно за време на отворениот тренинг за медиумите пред неговиот меч на 3 август во Лос Анџелес против Џарел Милер.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија ја демонстрираше својата форма пред седмата сила додека се подготвува за напад на тронот на тешката категорија.

Милер во последните недели многу се занимаваше со диетата на Руиз, но според она што го покажува најновото видео, Енди изгледа одлично, а некои би рекле – никогаш подобро.

Кога ќе дојде време за мерење за десет дена, Биг Бејби може да биде во неволја, бидејќи по четиригодишна суспензија поради земање стероиди, Џарел се здебелил 12 килограми. За две години успеал да изгуби само три килограми.

Откако ги загуби светските титули од Ентони Џошуа во реваншот во 2019 година, Руиз изгуби седум килограми и сега изгледа одлично.

Руиз покажа дека моментално е во добра форма, која дополнително ќе ја усовршува во следните десет дена, а против Милер покажа дека повторно е подготвен за големи натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON