Поранешниот светски шампион Енди Руиз Јуниор (35-2) го победи 43-годишниот Кубанец Луис Ортиз (33-3, 2 НЦ) со едногласна одлука на судиите на боксерскиот настан во Crypto.com арената во Лос Анџелес.
Американско-мексиканскиот борец (32) стигна до својата втора победа во низа по триумфот против Крис Ареола, откако ги загуби шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО против Ентони Џошуа во декември 2019 година.
Сите тројца судии бодуваа во корист на Руиз: 113-112, 114-111 и 114-111.
Очекувано, мечот почна претпазливо. Кубанецот е малку поактивен, а на крајот од рундата Руиз со последниот удар одлично го погоди Ортиз.
На почетокот на втората рунда Луис возврати, а потоа Дестроерот за прв пат со десно кроше го собори кубанскиот борец.
Судијата првпат му броеше на Кубанецот, а веднаш потоа следуваше нов нокдаун и уште едно броење на Ортиз.
Кубанецот се опорави и се врати во мечот, па дури и неколку пати го удри Руиз во остатокот од рундата.
А следните рунди донесоа многу возбудувања во кои и двајцата ја чекаа својата шанса. Во петтата рунда Ортиз зададе серија удари, но Руиз веднаш одговори.
Крајот на седмата рунда повторно понуди дополнителни возбудувања кога Руиз по разменетите удари уште еднаш го испрати Ортиз во нокдаун.
Судијата третпат на мечот мораше да му брои на Кубанецот.
Свесен дека заостанува во поени, Луис беше малку поактивен во продолжението, додека Руиз се закануваше со контри.
Andy Ruiz answers back with a BIG knock down!#RuizOrtiz pic.twitter.com/XZrwZBwG1V
— FOX Sports: PBC (@PBConFOX) September 5, 2022
Тој во десетата рунда се обиде со неколку комбинации да му се закани на Руиз, кој успешно се одбрани.
Во средината на 11. рунда „Разурнувачот“ повторно беше погоден од силен удар, но Ортиз остана на нозе.
Последната рунда понуди вистински огномет од удари, Ортиз бараше нокаут, а Руиз паметно се бранеше и враќаше со контри.
You can NEVER count Luis Ortiz out of a fight. Round 1 or round 12, King King is always dangerous. #RuizOrtiz pic.twitter.com/dF7grSgy2D
— Sports Dady (@sports_dady) September 5, 2022
Разурнувачот на тој начин стигна до 35 победи во кариерата и докажа дека е подготвен уште еднаш да се вклучи во борбата за титулата.