Емир Ибраим ја извојува првата победа за Македонија на Светското сениорско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина, откако го совлада Руци Лучјано од Грција со 3-0.
Емир водел во сите три рунди, според известувањата од нашиот табор.
Ибраим во четвртфиналето ќе се бори со рускиот репрезентативец Борис Шикунов, ако го победи ќе обезбеди место во полуфиналето и најмалку бронзен медал.
Даниел Митров го доби противникот за четвртфиналето и ќе се сретне со Максим Казаку од Молдавија. Исто така, противникот го дозна и Роберт Костовски кој ќе се бори со Сони Даграед од Белгија во четвртфиналната средба.
Останатите наши репрезентативци настапуваат од утре.
Резултати
63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија)
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија)
-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) 2.коло
-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло
-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија) 2.коло
-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло