Емилијаненко со критики до Вајт: Нема ништо човечко во него

Федор Емилијаненко отворено изјави дека не му се допаѓа на претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Тој е страшен човек. Парите се за него, нема почит спрема борците или кон секое човечко суштество. Го интересираат само пари и ништо друго.

Нема ништо човечко во него и тоа е одвратно. Парите се важни, се разбира, за животот и семејството. Но да тргуваш со човечки односи за пари е неприфатливо“.

УФЦ никогаш не успеа да се договори со таборот на Емелијаненко, кога беше на врвот, за да го привлече Русинот да се натпреварува во УФЦ. Ветеранот во моментов има договор со ривалот Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО