Емилијаненко го нокаутира Дош Сантос за 34 секунди (ВИДЕО)

Александар Емилијаненко дојде до победа во својата прва борба откако беше ослободен од затвор, а за победа против Геронимо Дош Сантос му требаше нешто повеќе од половина минута.

36-годишниот Емилијаенко (24-7) повратничката борба ја направи на Ахмат ФЦ, чиј претседател Рамзан Хадиров беше во првите редови, во друштво на новата УФЦ сензација, Маирбек Таисумов. Противник му беше една година постариот Џеронимо  Дош Сантос – Мондрагон (39-20), искусен борец кој меѓу своите жртви има и некои познати имиња на ММА.

Но, на таа листа не успеа да го запише помладиот брат на Емелијаненко, кој го заврши за 34 секунди. Многу брзо борците влегоа во отворена борба, а еден удар на Алекс го испрати Бразилецот на подот. Таму ударите продолжија, а судијата одлучи да ја прекине кога Бразилецот ја спушти главата на подот, со впечаток дека не се брани. Веднаш по прекинот Дош Сантос тргна да се приговара и да покажува дека е добар, но впечаток е дека судијата, гледајќи ја позицијата на неговото тело, добро постапил.

https://youtu.be/S6MW4cXtxoU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON