Емил Павлов на патот до медалот на Светското првенство во Линц, Австрија, сопрен од Азербејџанецот Фридовси Ферзалиев, кој славеше со 1-0 во четвртфиналето.
Претходно Павлов ги победи Максимилијано Лароса од Уругвај 6-2, Хо Ли Чун од Хонг Конг 3-0 и Пинто Гонцало од Португалија 2-0.
Нашата најголема надеж ја изгуби можноста да се бори за медал преку репасаж, бидејќи Ферзалиев во полуфиналето е поразен од Геофреј Беренс од Холандија со 1-0.
Сара Радичевска (-50 кг) загуби од противничка која досега ја победувала три пати, Хрватката Моника Берулец 0-2.
Денеска Симона Заборска (-55 кг) стигна до четвртфиналето каде што на изјаснување (0-0) беше совладана од Сални Сјакила од Малезија, откако претходно забележа три победи против Вероника Халодова –Чешка 4-0, Илаха Гасимова – Азербејџан 1-0 и Бренди Робинсон – САД 3-0.
Симона ја изгуби можноста во репасажот да се бори за бронзениот медал, бидејќи Сјакила беше поразена во полуфиналето.
Наташа Стефановска (-61 кг) забележа победа и пораз. Ја совалада Клаудија Ионита од Романија со 3-1, а беше поразена од Жаклин Фактос од Еквадор 3-4. Но, нашата каратистка е оштетна од судиите, по водството од 3-0 судијата ја прекинува борбата, а Фактос и задава удар кој е бодуван со ипон, при што изостанала реакцијата од наша страна со челинџ, затоа што претходно бил сикористен – неуспешно, а по жалбата одговорот бил негативен. Да имаше можност за челинџ, поенот можел да биде поништен.
Ненад Келебиќ (-67 кг) забележа две победи , а во трерто коло беше поразен.
Келебиќ ги победи Ханг Лау Чи од Хонг Конг со 4-0 и Фахад Алхатами од Саудиска Арабија 0-0 со судиско ијзаснување, а беше поразен со 2-0 од Белорусинот Валери Паруха.
Така и вториот ден продолжуваат неуспешните настапи на нашите каратисти на Светското првенство откако вчера Жарко Арсовски, Петар Спасеновски, Енес Смаилагиќ и Пуликсенија Јованоска не оставрија некој резултат, освен пласман во второто коло.
Ipon.mk/В.Д.