Емил Павлов помина две кола на Премиер лигата во Дубаи, а со светскиот првак, според тренерот Арсовски, судиите го оштетиле

Како по обичај првиот ден на премиер лигите е слаб за нашите каратисти, така и денес на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи, Обединетите арапски емирати (ОАЕ), само Емил Павлов имаше две победи, а во третата средба загуби минимално со 0-1 од светскиот првак Анџело Крешченцо кој не се пласира во финалето, па така не го повлече европскиот шампион во репасаж.

Драгана Манговска и Петар Заборски забележаа по една победа.

Според тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски Емил немал среќа. Можел да го победи актуелниот светски шампион.

„Емил ја заслужи победата, но во оваа средба пресудија судиите. Му доделија видео челинџ поен на светскиот првак и тоа во последните секунди, а не му доделија пред тоа чист поен на нашиот репрезентативец“, рече Арсовски.

Останува да се надеваме дека утре ќе имаме позабележителни резултати.

Нашите каратисти се среќаваат со:

-61 кг
Наташа Стефановска – Ингрида Шучанкова (Словачка)
-68 кг
Моника Стефановска– Даниела ван Вик (Јужна Африка)
-84 кг
Берат Јакупи – Игор Чихмарев (Казахстан)
Виктор Крстевски – Барбод Седагатеакнтапех (Иран)
+84 кг
Жарко Арсовски – Лони Булесане (Франција)/ Бабакар Сек Сако (Шпанија)

Резултати
кати
Пуликсенија Јованоска – со 22,6 3-та во 5 група и 6-та со 22,6 во Р2 – Г3 фазата

-50 кг
Драгана Манговска – Татијана Рибалченко (Русија) 6-1
Драгана Манговска – Шунаг Гу Шиау (Тајпеј) 0-3

-60 кг
Емил Павлов – Олег Мелехин (Белорусија) 6-3
Емил Павлов – Флорин Гоголси (Романија) 3-1
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 0-1

-75 кг
Азиз Исмаил – Иван Корабау (Белорусија) 2-7
Петар Заборски – Башар Аланјар (Јордан) 1-0
Петар Заборски – Мадух Абделазиз (Египет) 0-8

https://www.facebook.com/531359136986764/videos/514462025744091/

На Премиер лигата настапуваат најдобрите свестки каратисти од ВКФ ранг листата,  односно првите 50, а останатите 14 се дополнуваат од првите 100-мина на листата. Настапите се значајни за собирање на бодови за олимписка норма за Олимпсиките игри во Токио 2020 година, кога овој спорт ќе дебитира во олимпијадите. Во Дубаи настапуваат 769 натпреварувачи од 410 клуба од 86 земји.

Ipon.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО