Емил Павлов на олимписки тест турнир во Париз, како генерална проба за квалификациите ОИ во Токио

256

Најдобриот и најтрофеен македонски каратист и кандидат за Олимписките игри во Токио ова лето, Емил Павлов, викендов ќе учествува на тест наптревар во Париз, Франција, во олимписката категорија до 67 килограми.

„Одам по покана на француска федерација во категоријата -67 кг. Во оваа категорија има 14 натпреврувачи од околу 10 држави и ќе биде по сите правила како на Олимпијадата во Токио. Ќе бидеме поделени во две групи по системот борна на секој со секого, а првите четворица одат во полуфинале. Конкуренцијата е максимална, бидејќи во мојата категорија ќе бидат каратеки како Французинот Да Коста и Казакстанецот Асадилов, кои веќе имаат норма, па Италијанецот Кресченцо и други. Ова ќе биде еден добар тест за мене, бидејќи на квалификациониот турнир ќе настапам во оваа категорија, а голем дел од овие натпреварувачи ќе ми бидат и конкуренти на тој завршен турнир“, вели Емил Павлов и додава дека од Македонија тој е единствниот поканет каратист, а со него како тренер ќе патува Жарко Арсовски.

На првиот настап годинава на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, Павлов го освои борнзениот медал совладувајќи го Каизар Алписбаир од Казахстан со 4-1.