Емил Павлов носител на наградата „8 Ноември“ на Општина Штип!

Emil pavlov vo odelo
Вчера беа соопштени носителите на највисоките општински признанија на Штип. Тоа се Марија Кукубајска, професор, Лидија Коцева, раководител во ЈП Исар и Емил Павлов, најдобриот македонски каратист. 
Емил Павлов е носител на европското „злато“, освои бронзен медал на Европските игри во Баку-Азербејџан и многу други признанија. Тој, заедно со борачот Зоран Шоров, е носител на спортска пензија на АМС. Емил Павлов, член на КК Штип, не само што е извонреден каратист, со својот однос кон спортот, и не само спортот, е позитивен пример кај младите спортисти.

Патот што го трасираше Емил Павлов кон ѕвездите, со своите тренери Сашко и Жарко Арсовски , треба да го следат и другите спортисти. Докажа дека само преку работа, коректно однесување и чесност се стигнува до великан во спортот!
Честитки за признанието на Емил Павлов. Му посакуваме уште многу успеси и во иднина- да продолжи да го афирмира Штип и Македонија на сите спортски приредби.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО