Од сигурни и доверливи извори дознаваме дека Емил Павлов од КК Штип и Пуликсенија Јованоска од КК Ронин се избрани за најдобри каратисти во Македонија за 2016 година на Карате федерацијата на Македонија на денешниот избор, кој e од селективен карактер за медиумите.
Азиз Исмаил од Металург и Ангела Мојсовска од Макпетрол се најдобри во конкуренција на јуниори до 21 година, додека Петар Спасеновски (Металург) и Мишела Димоска (Ронин) се најдобри кај јуниорите.
Абдурахим Идризи (Макпетрол) и Марија Милева (Олимпик спорт) се најдобри кај кадетите.
КК Штип е прогласен за најдобар клуб пред Макпетрол и Металург, а Сашко Арсовски за најдобар тренер.
Денешниот избор е со контрадикторности, ако се има во предвид изборот „Спортист на Македонија“ каде што Моника Пендароска беше избрана за најдобра спортистка на Македонија во јуниорска конкуренција, а Наташа Стефановска беше во конкуренција за избор на најдобра сениорка, која, патем на Светското првенство во Линц, Австрија, ја изгуби шансата да се вклучи во борбата за медали по вина или незнаење на службено лице од КФМ. Предлозите беа на Федерацијата.
Ipon.mk/В.Д.