Конор Мек Грегор стана професионален џокеј, за среќа само во хуморостичен скеч (ВИДЕО)

konor-mek-gregor-vo-odelo-so-luge

Конор Мек Грегор бара нов предизвик во животот и затоа ќе настапи коњска трка Пегасус Ворлд Куп Инвитејшнл и тоа како дополнителен 13-ти џокеј, под водство на својот тренер, познатиот комичар Џон Ловиц. Таму ќе има прилика да стане најголем џокеј во историјата и да заработи награда од 12 милиони долари.

За среќа (за кого како), тоа е само рекламен спот за горенаведената трка, а ова е описот на видеото што ви го носиме. Во него Мек Грегор извонредно ја одработи својата улога и ја прифати слободата на сценаристот малку да се пошегуваат на сметка на неговото валкано зборување.

Конор Мек Грегор навистина бара некои предизвици и занимации за време на паузата од ММА, но јавањето сепа не е еден од нив. Но, затоа глумата би можела да биде, бидејќи во оваа улога многу добро се снајде. Впрочем, уверете се сами.

https://youtu.be/M47–fQDm8c

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО