Познат аналитичар за Кро Кап: Гладот за борба никогаш нема да исчезне, само неколку среќници го напуштаат спортот на таков начин

mirkoo-crno-bela-so-pojasot-od-rizin

По освојувањето на Ризин Гран при во Јапонија на Нова година Мирко Филиповиќ одлучи конечно да им рече збогум на борбите. Иако Кро Кап повеќе пати заминуваше во пензија Џон Рамден и Робин Блек од Фајт нетворк се убедени дека ова е големо постигнување на хрватскиот борбец во 42 година и дека навистина е вистинскиот момент за крај.

„Ова е вистинскиот начин за заминување. Забележувате неколку големи победи. Изгледате подобро од кога било по долго време. И го напуштате спортот со титулата околу половината. Зошто мислиш дека сега е вистинското време за Кро Кап да се пензионира“?, го запраша Радмен колегата Блек.

„Еден ден мора да го направите тоа. Зарем ќе се бори со 60 години? 80? Знаете што мислам“, рече познатиот ММА аналитичар Блек кој во последно време анализира борби и за УФЦ.

Тогаш Рамден нагласи дека борците се уште ја имаат таа глад за натпреварување, но Блек објасни дека таа желба никогаш нема да исчезне и дека тоа не е доволна причина за продолжување на кариерата.

„Зборував со спортски психолог Дејвид Мулисн и тој ми рече:„Го знаеш она чувство. „Човече се уште сакам да се борам, се уште во мене гори оган“? Тоа ќе го чувствувате кога ќе имате 😯 години. Ќе имате таа желба и на смртна постела. Па така тоа само по себе не е причина да се борите, зашто тоа секогаш ќе биде во вас. Таа желба ќе биде присутна кога и физички и психички веќе нема да биде во можност да се борите. Неколку среќници имаат шанса да заминат… Дан Хендерсон, за влакно му фалеше да ја освои титулата. И Урија Фабер отиде со убав победа дома, додека публиката го извикуваше неговото име, и Мирко Cro Cop си заминува на таков начин …“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО