Емил Павлов го освои златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург во категоријата до 60 килограми откако во финалната борба го совлада Анџело Кресченцо од Италија 5-4.
Ова е прв медал на нашиот најдобар каратист на Премиер лигата оваа година во вториот настап, бидејќи настапи и во Дубаи, а Приз го пропушти поради повреда.
Павлов лани во Москва освои златен медал на Премиер лигата.
Ова е добар предзнак за Европското првенство во Баку, Азербејџан, од 25 до 29 март, како и квалификациите во мај во Париз за Олимсписките игри во Токио, Јапонија.
Резултати
60 кг
Емил Павлов – Фахед Ахмад (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-0
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 4-0
Плуфинале
Емил Павлов – Дархан Асадилов (Казахстан) 2-1
Финале
Емил Павлов – Анџело Кресченцо (Италија) 5-4