Елвир Куратновиќ во писмо до АМС укажува на неправилности во КФМ и дека е покрената иницијатива за вонредно Собрание

Елвир Куртановиќ по отвореното писмо до поранешниот претседател на Карате федерацијата Драган Стојановски упати отворено писмо во име на Иницијативниот одбор за свикување вонредно Собание на КФРСМ до директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Во целост ви го пренесуваме отвореното писмо до Мојсовски.

„Во последно време сме сведоци на бурните реакции на многу карате клубови и поединци поради хаотичната состојба во Карате федерација на република Северна Македонија . Причината за овие реакции се лошото управување со карате федерација но и комуникацијата која се сведува на серија реакции до раководството на КФРСМ и молк од нивна страна .

1.Повод за ова наше јавно обраќање е да Ве запознаеме со работата и состојбите во Карате федерацијата на Република Северна Македонија. Имено, во последно време голем број клубови незадоволни од работата на претседателот Петар Белистојаноски и Извршниот одбор покренаа иницијатива за свикување на Вонредно Собрание на Карате Федерацијата за гласање доверба на претседателот. Оваа иницијатива како едно законско право пропишано во Законот за здруженија и фондации, статутарно право пропишано со Статутот на Карате федерацијата на Македонија и демократско право во една демократска држава, луѓето кои моментално ја водат Федерацијата погрешно го разбраа и почнаа да вршат реваншизам и осветољубивост врз иницијаторите.

2.Најпрво го разрешија од функцијата потпретседател на Федерацијата еден од нашите најтрофејни тренери господинот Бошко Заборски. Зошто? Затоа што е потписник на Иницијативата и затоа што на време им укажа за слабостите на Правилникот за избор на репрезентативци за настап на балканските, европските и светските првенства. Иронијата да биде поголема сите негови забелешки тие ги прифатија и со одлуки ги реализираат.

3.Заврши конкурсот за избор на селектори на сите селекции во карате спортот. Сите учесници кои конкурираа беа избрани само најуспешниот тренер и тренер на светскиот вицешампион и двоен европски првак Емил Павлов и тренер на единствениот освојувач на медал на последното европско првенство за јуниори и кадети Љупче Михајлов, Жарко Арсовски не беше избран. Зошто? Затоа што е брат на потписникот на Иницијативата Сашко Арсовски.

4.За селектор беше избран Александар Кузмановски тренер на КК Олимпик од Скопје. Спортските и тренерските резултати на Кузмановски и Арсовски се неспоредливи. На спортски план Жарко Арсовски е освојувач на првиот сениорски медал за Македонија на светските првенства (во 2010 година бронзен медал), повеќе од петнаесет години е државен првак и репрезентативец на Македонија. Кузмановски нема никаков спортски резултат. Како тренер веќе ги набројав најважните резултати на Арсовски во сениорска категорија. Кузмановски нема никако резултат во сениорска конкуренција. Во своето образложение Комисијата за избор наведува дека Кузмановски исполнува повеќе критериуми. Се прашуваме кои критериуми ако не спортските?

Иронијата да биде поголема Федерацијата се одлучи за прв пат во својата историја да избере еден селектор за две селекции: сениори-ки, У21. Зошто? Одговорот е многу јасен бидејќи според Правилникот, Агенцијата за млади и спорт ги наградува селекторите само во овие две селекции. За другите селекции не следуваат награди. Сите средства за награди на селекторите да одат во една личност (Кузмановски). Ќе наведеме дека за две освоени сениорски медали на Емил Павлов на светското и Петар Спасеновски на европското првенство, брз ниеден обавен тренинг, Кузмановски доби два пати по 289.938 денари или вкупно околу 9.400 евра, а тренерите Арсовски и Заборски добија по 57.938 денари или околу 940 евра.

Ве повикуваме господине директоре да го преиспитате овој Правилник и за поединечните спортови каде што тренерот го тренира натпреварувачот од неговата 6-та-7-ма  година до освојување на медалот да му припадне 80% од наградата а на селекторот 20%.

1.Донесоа Правилник за избор и работа на државните репрезентативни селекции на РС Македонија без никаква јавна расправа за кого од 11 членови на Извршниот одбор не гласаа четворица, кој побуди огромно незадоволство кај сите членови на Федерацијата без исклучок, за да по една недела го суспендираат со Одлука, а дури по еден месец потоа го стават на јавна расправа. Дали ова не зборува за хаосот кој владее во Федерацијата.

2.Во цел овој хаос во Федерацијата и во прогонот на луѓето, актуелниот претседател господинот Петар Белистојановски никаде го нема. Целата кампања и сите потези ги влече поранешниот претседател Драган Стојановски. Иако јас и Сашко Арсовски јавно го повикавме да се тргне од Федерацијата бидејќи неговите три мандати се завршени уште пред две години и по закон нема право да биде претседател, тој сеуште во сенка раководи со федерацијата. Тој најпрво држи неформални состаноци со двајца тројча членови и им кажува кои одлуки да се донесат на Извршниот одбор. Поединечно ги повикува тренерите на клубовите и иницијаторите да ги разубеди и да го подржат актуелниот претседател Петар Белистојановски.

3.Меѓу незадоволните клубови се трите најдобро рангирани (меѓу првите пет) клубови во Република Северна Македонија за 2021 година според ранг листата изготвена од Карате федерацијата на Северна Македонија, односно клубови кои на Македонија и ги носат највисоките спортски резултати:

-Штип  (1) клуб од кој потекнува светскиот вице шампион Емил Павлов и еднствениот освојувач на медал на последното Европско првенство за јуниори и кадети;

-Макпетрол (3) клуб со голем број на европски медали и клуб од кој потекнува последниот освојувач на бронзен медал на Европското првенство за 2022 година, Петар Спасеновски;

-Металург (5) клуб со голем број на сениорски медалисти од европски првенства и Европските игри (Цветковски, Груевски, Несторовски..) и клуб од кој потекнува најдобро рангираниот каташ во историјата на македонското карате, 7-мо место на Светското сениорско првенство Александар Неделковски итн;

-Во ова група кој покренаа иницијатива за вонредно Собрание се и најстарите клубови и тренери кој во континуитет се присатни во карате спортот, што укажува на едно неусловено единство на клубови и тренери во одбраната на вредностите и законитоста во карате спортот;

-Во ова иницијатива не се вклучени уште многу карате клубови кој се надвор од системот на натпревари поради лошите услови кој ги наметнаа раководните структури;

-Уште многу примери можам да ви наведам, но ќе заклучам дека проблемот е оваа организациска структура која е целосно условена и насочена кон одбраната на сопствените интереси.

Од тие причини господине директоре голем број на клубови (точниот бројот ќе биде набрзо објавен) покренаа законска и статутарна иницијатаива за свикување на Вонредно Собрание“, се вели во отвореното писмо на Елвир Куртановиќ до директорот на АМС испратено во име на клубовите иницијатори за свикување вонредно Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON