Сениор гранд мастер Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан) изминатиов викенд во Охрид одржа семинар во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти со членови на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец.
Ова беше технички семинар, а професорот Ким Унг Чол ги презентираше таеквондо техниките пред членовите на клубот од Охрид, кои, според тренерот на Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.
Ким Унг Чол еден од двајца мајстори на ИТФ таеквондото (кое се уште не е олимписки спорт) кои го носат тоа звањето Сениор гранд мастер, а македонските таеквондисти учеа од еден од најдобрите во светот.
Ким Унг Чол даде ексклузивно интервју за IPON.mk.
Господине Ким Унг Чол какво Вшето мислење за семинарот и македонските таеквондисти?
-Од семинарот и организацијата сум презадоволен. И воопшто, од пречекот на луѓето и од тоа охриѓани ме доживуваа како голем мајстор. Македонските теквондисти псоледните неколку години, посебно кога зад нив застана генреалниот спонзор ПН Метал, имаат направено неверојатен прогрес. Вашите натпреварувачи тоа го потврдија со уцество на три последователни светски шампионати, при што имаа прогрес во нагорна линија, односно на тие турнири имаа претставник во осминафинале. Тоа реткост за некоја мала земја да направи толкав прогрес во толку мал временски интервал.
Кои се плановите на ИТФ?
-Плановите на ИТФ се еден ден да земеме учество на Олимпијадата. Ќе докажеме дека сме еден од најатрактивните боречки спортови. Сигурни сме, доколку успеме во нашата намера декаќке бидеме еден од најпопуларните олимписки спортови.
Веќе имаше еденконтакт за спојување (во Русија на СП), односно заеднички Светски првенства со ВТФ (Федерацијата која е признаена од ИОК), дури и демонстрација на СП полани. До каде се преговорите?
-Како поклоници на ИТФ, се надеваме на учество на Олимпијадата во 2024 година, во склоп на ВТФ. Така што, натпреварувачите од ИТФ ќе настапат во дициплината форми ( ТУЛ), додека ВТФ во борби (спаринг), ама повеќе модифицирани правила на ИТФ, поради тоа што ИТФ е изворното таеквондо.
Пред големиот мајстор на таеквонодото, Македонија доби нови носители на црни појаси од повисок дан:
Зоран Донев- црн појас, втори дан
Филип Јосифоски- црн појас, втори дан
Ангела Јовческа- црн појас, втори дан
Кирил Симоноски- црн појас, први дан
Тамара Велјаноска- црн појас, први дан.
Ipon.mk/В.Д.
Фото: Павел Коталески