Гого Славески (4-0, 2 КО) рано утрово ја забележа четвртата професионална победа во четвриот настап совладувајќи го му пресуди на Џонатан Ирвинг со нокаут во третата рунда. Мечот се одржа во Чикаго, САД. Гого со фантастично десно кроше го нокаутира противникот кој потоа не можеше да се подигне.
„Во првата рунда Ирвинг беше во нокдаун, а во втората јас. Видов дека почна да ги спушта рацете и во третата рунда ја искористив шансата и го бутнав со десно кроше“, вели специјално за Ipon.mk Гого Славески.
Тој вели дека годинава ќе се бори почесто.
„Оваа година, ако сум во можност и ако ме служи здравје, за да го убрзаме процесот и да се рангирам во топ 20, ќе се борам почесто, за да може наскоро да предизвикам којбила од светските титули“, порачува Салевски.
За атмосферата и гостите кои беа таму, како легенадата на Барселона и бугарскиот фудбал Христо Стоичков, Кубрат Пулев кој повторно атакува на светската титула, а сега го бодреше неговиот брат Тервел Пулев, Гого вели:
„Атмосферата беше супер! Имаше Македонци, Бугари, Срби, од сите народи на Балканот. Ми дадоа голема поддршка и на мене и на Тервел Пулев. Беше полно и сите беа задоволни од настапот. Се надевам дека наредната борба ќе биде во мај“.
https://www.facebook.com/gogo.slaveski/videos/1972730652740518/
Ipon.mk/В.Д.