ЕКСКЛУЗИВНО Даниел СТЕФАНОВСКИ: Одиме напред! На 15 јуни се борам за третата светска титула (ВИДЕО)

„Многу ми значи оваа титула, оти ИСКА е една од најголема организации“, вели кумановецот Даниел Стефановски кој синоќа го нокаутира Софијан Алилуше од Франција во првата рунда за светската титула на ИСКА во Цирих, Швајцарија.

Со оваа експресна победа Стефановски на моќен начин ја освои шампионската на ИСКА во К-1 во категоријата до 81,5 кг и му е втора во кариерата по онаа од минатата година, кога стана светски шампион во Суперкомбат.

Дали очекувал дека толку брзо ќе ја заврши борбата Македонскиот воин вели:

„Се уште гледам како може за кратко време да ја завршам борбата. Така беше и синоќа, го погодив со хај кик и го завршив“!

Даниел не застанува тука, туку има се поголема желба да освои и трета светска титула во различан организација.

„Одиме напред! На 15 јуни се борам за мојата третата светска титула во Дитикон Цирих. Фала на му на Бога, немам повреди и одиме напред“!

Стефановски на 15 јуни ќе бори за свестката титула на ВКУ во категоријата до 79 килограми во Штадхале Дитикон.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО