Неверојатна тројка: Федор Емилијаненко, Владимир Путин и Жан-Клод ван Дам.
Емилијаненко е еден од најдобрите борци што се појавил во ММА, а и неприкосновен во самбо борењето, додека за Путин е излишно да се трошат зборови за неговата политичка моќ во светот, но познато е дека многу сака да ги демонстрира своите познавања на боречеките вештини. За ван Дам може да се каже дека е еден од најголемите репрезенти на боречките вештини на филмското платно, пред се со легендарниот филм „Кикбоксер“, за кој е најавено снимање на ново продолжени, а во кое, пак, ќе се појави и Холанѓанецот.
Им годи на сите тројца да се сликаат, зашто секој е мајстор над мајсторите, а, Бога ми, и прилика за поубавиот пол.