Екипата на Светот освои бронза на Свесткиот куп во САД, победници се Американците

Екипата на Светот ја освои бронзата на Светскиот куп во Коралвил (САД). Во малото финале репрезентацијата на Светот ја победи Грузија со 8-2.

Домашната селекција ја освои титулата победувајќи го Иран со 6-4 во финалето.

Во најспорниот натпревар, олимпискиот и 6-кратен светски шампион Џордан Бароуз загуби од шампионот на азиското првенство Али Савадух со 6-6 во категоријата до 79 килограми.

Другиот златен олимписки медалист Кајл Снајдер не дозволи изненадување – 5-0 против Камран Хасепур во категоријата до 97 килограми.

Во женска конкуренција Украинките ја освоија титулата славејќи 6-4 против Кина. Бронзата ја освои селекцијата на Монголија победувајќи ги домаќините од САД со 7-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО