Егоров со пораз во репасажот го запечати лошото издание на борачите на ЕП

И последната надеж дек анешто може да се промени на настапот на нашите борачи на Европското првенство во борењево Варшава, Полска, падна во0 вода. Владимир Егоров, кој доби шанса во репасажот, загуби од репрезентативецот на Азербејџан Ахмеднаби Гварзатиловсо 2-6.

Така, нашите борачи имаа шест борби на ЕП и сите ги загубија со лош поен ефект 74 изгубени поени и само 7 освоени, од кои 4 се на Фати Вејсели.

Резултати
-61 кг Владимир Егоров – Андрил Џелеп (Украина) 0-7
Репасаж
Владимир Егоров –Ахмеднаби Гварзатилов (Азербејџан) 2-6

-70 кг Фати Вејсели – Даниел Антал (Унгарија) 4-7

-79 кг Дејан Митров – Акшарбек Гуалев (Русија) 0-10 (ТТ)
Репасаж
Дејан Митров – Арман Авагјан (Ерменија) 1-12 (ТТ)

-97 кг Могамедгаџи Нуров – Елизбар Одикадѕе (Грузија) 0-5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО