Владимир Егоров во првата рунда ќе се сретне со петтиот носител, Индиецот Аман Шерават во категоријата до 57 килограми.
За денешниот жреб селекторот Бобан Данов е оптимист пред утрешната борба:
„Јасно е дека на Олимпијада нема лесен протник, ние добивме млад перспективен борач од Индија. Веруваме во нашите можности, Егоров ќе излезе 100 отсто подготвен и со Господ напред се надеваме на победа“.
Во аголот на Егоров ќе бидат селекторите Бобан Данов и медалистот од 2000-та година Могамед Ибрагимов
Утре борбите започнуваат во 11часот, а Егоров е петти по ред.