Егоров поразен на Светското првенство

Нашиот борач Владимир Егоров (-57кг) е поразен во првото коло на Светското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, од Нодирјон Сафаров од Узбекистан на поени со резултат 0-7 (првата рунда заврши 0-1).

Егоров ќе добие шанса во репасажот ако Сафаров стигне до финалето.

Преостанува настапот на Могамедгаџи Нуров во категоријата до 97 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО