Егоров и Нуров добија шанса преку репасаж да се борбат за олимписка норма

Синоќа доцна завршија натпреварите на Светскиот олимписки квалификациски турнир во борење во Истанбул, Турција, при што остана да се добијат третите патници од секоја категорија. Така, Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров добија шанса преку репасаж да стигнат до борбата за трето место која обезбедува олимписка норма за Игрите во Париз 2024.

Егоров во репасажот ќе се пресмета со победникот од Бен Тарик (Мороко) – Ванхао Зоу (Кина), а, ако победи, во борбата за третото место ќе се сретне со Чонсонг Хан од Северна Кореја и потоа со другиот третопласиран да ги одмерат силите за третата виза ОИ.

Нуров ќе се бори со Магомед Ибрагимов од Узбекистан, а потоа преку Раду Лефтер од Молдавија и Авушајиман Хабила од Кина да се избори за норма и втор настап на Олимписките игри

Резултати:

Мажи
57 кг
Владимир Егоров – Педро Родригез (Венецуела) 6-2
Владимир Егоров – Томас Еп (Швајцарија) 8-0
Владимир Егоров – Спенсер Ричард Ли (САД) 2-12
Репасаж
Владимир Егоров – Бен Тарик (Мороко)/ Ванхао Зоу (Кина)

97 кг
Магомедгаџи Нуров – Дипак Дипак (Индија) 5-1
Магомедгаџи Нуров – Ерик Свен Тиле (Германија) 1-1
Репасаж
Магомедгаџи Нуров – Магомед Ибрагимов (Узбекистан)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО