Египет и Бразил нови домаќини на Премиер лигата

premier-league-2015-egypt-and-brazil-join-the-wkf-premier-league-106

Календарот на Карате1-Премиер лигата за 2015 година е познат. Вкупно се планирани 8 настани. Откако е создадена ВКФ Премиер лигата, Париз ќе ја отвори сезоната во јануари, додека Окинава ќе ја затвори Лигата, каде што ќе се знаат имињата на Гранд победниците за 2015 година. Многу настани на претходното издание (Париз, Алмере , Истанбул, Ханау, Салцбург и Окинава) се обновени, но во наредната година ќе има и два нови настани кои ќе се приклучат на серијата во Премиер лигата, тоа се Египет и Бразил.

Се очекува првиот настан на Премиер лигата во Африка, долго време се чекаше на вакво нешто на целиот континент. Тоа е важен чекор за африканското карате. На овој прв настан домаќин ќе биде Египет, една од водечките земји на последното Светско првенство. Лигата ќе се одржи во Шарм Ел Шеик , на 28 февруари и 1 март, неколку недели пред Европскиот сениорски шампионат во Истанбул ( 19-22 март ). Тоа ветува учество европски национални тимови, кои неколку недели подоцна ќе учествуваат на ЕП во Истанбул (Турција). Бразил ќе биде домаќин на прв пат на Премиер лигата, во соаботка со Пан Америкен федерацијата во Сао Паоло во јули наредната година. По 2 успешни изданија на Премиер лигата во Џакарта, оваа година нема да биде дел од календарот, поради организацијата на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што ќе се одржи во ноември 2015 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON