АктуелноТаеквондо

Ефтимов: Едно мало девојче со голем сон… Се бореше храбро и со цело срце за себе и за својата држава! Лос Анџелес 2028 е наш!

„Едно мало девојче со голем сон…“, вака го почнува своето сеќавање на Олимписките игри во Париз 2024 година Александар Ефтимов, тренерот на таеквондиската Мила Рељиќ, која имаше достоен и храбар настап на ОИ, а секунди ја делеа од успех.

„Од мало место, без сала, без услови, без скапи тимови и поддршка,нема скапи реквизити, нема тим од десетици луѓе до најголемата светска сцена, чекор по чекор, со срце што не знае за граници. Пред точно една година, на денешен ден, на најголемиот спортски настан Олимписките игри се случи нешто што ќе го паметиме засекогаш. Најголем спортски подвиг во Париз 2024!

Ја победивме двократната олимписката шампионка, светска шампионка и трикратна европска првенка, девојката која со години беше наш идол, наш мотив. Таа имаше зад себе армија: два кондициони тренери, нутриционисти, физиотерапевти, неколку спаринг партнери, најсовремени услови… а ние?….

И покрај сè, Мила се бореше храбро и со цело срце за себе и за својата држава. Но тоа што Мила го покажа тој ден беше повеќе од резултат: тоа беше храброст, дисциплина, борбен дух и страст што ретко се гледаат. Во втората борба, само еден поен, еден здив, еден миг не оддели од уште една голема победа. Првата рунда заврши нерешено,втората еден поен разлика.

Скромните почетоци прават најсилни борци.

ЛОС АНЏЕЛЕС 2028 Е НАШ“, вели Ефтимов.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON