АктуелноБоксПрофесионален

Ефе Ајагба со прекин во четвртата рунда го запре Чарлс Мартин

Ајагба го победи поранешниот шампион на ИБФ, Чарлс Мартин, со технички нокаут во четвртата рунда на Мета Апекс во Лас Вегас.

Нигерискиот борец Ефе Ајагба направи уште еден чекор кон врвот на тешката категорија во својот прв настап за промоцијата на Зуфа бокс.

Ајагба го победи поранешниот шампион на ИБФ, Чарлс Мартин, со технички нокаут во четвртата рунда на Мета Апекс во Лас Вегас.

39-годишниот Американец одлично го искористи своето искуство на почетокот, обидувајќи се да го наруши ритамот на Ефе со странични удари.

Ајагба многу се мачеше и тешко го наоѓаше својот дострел со ударите, и мораше да биде многу внимателен кога Мартин почна со контранапади. Третата рунда го промени тоа.

Ајагба со одличен десен удар го собори поранешниот шампион, но Мартин покажа голема храброст и стана пред судијата да заврши со броењето.

А потоа во четвртата рунда, Ајагба одлучи да ја заврши борбата. Повторно го собори Мартин со десната рака.

Ајагба го притисна Мартин на јажињата и испука серија моќни удари. Американецот немаше одговор за тој напад и борбата беше прекината.

„Не ја почувствував неговата сила, но покажа дека има многу искуство. Не го очекував тоа… Беше многу опасен. Подготвен сум за секој противник од Топ 10“, рече Ефе Ајагба и додаде:

„Но, никој не ме споменува. Никој не сака да го вика моето име. А јас сум меѓу првите десет во светот. Подготвен сум да се борам. Сакам да се борам со некого од Топ 10, а тоа може да биде некој од Топ 5“.

 

Резултати:

Ефе Ајагба – Чарлс Мартин – 4-та рунда, технички нокаут
Умар Џамбеков – Ахмед Елбиали – 2-ра рунда, технички нокаут
Џајбрио Пе Бенито – Абел Мехија – 3-та рунда, технички нокаут
Лео Руиз – Кејси Џејмс Стритер преку технички нокаут во четвртата рунда
Марк Беуке – Антонио Вудс – поделена одлука (77-75, 75-77, 77-75)
Освалдо Молина – Џошуа Кларк – едногласна одлука (60-54, 60-54, 60-54)
Емилијано Алварадо – Девин Гант – 4.рунда, ТКО
Даријал Кучменов – Хорхе Лагунас – 4.рунда, ТКО.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON